[Aggregator] Downloaded image for imported item #48477

Поставена основата за новиот медиум на заедницата – Локал Актив Југозапад

На 10 јуни во Охрид се одржа работилница за етички стандарди во функционирање на медиумите на заедницата, на која учествуваа петнаесетина новинари, активисти и млади луѓе од Југозападниот Регион.

Работилница Охрид 1

Настанот го организираа Институтот РЕСИС и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во рамките на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, поддржан од Владата на Швајцарија преку „Цивика мобилитас“.

Присутните на работилницата се запознаа со начинот на функционирање на медиумите на заедницата во европски рамки, како и во македонскиот контекст, преку примерите на трите платформи Локал Актив, кои ги координира Институтот РЕСИС.

Во воведната сесија Слаѓан Пенев од Институтот РЕСИС го претстави концептот на медиумите на заедницата во редакциите на Локал Актив и подвлече дека овој настан е прва активност што треба да резултира со создавање нов медиум на заедницата Локал Актив Југозапад. Беше истакнат моделот на соработка помеѓу искусни новинари и активисти, чија цел е заеднички да работат на истражувачки стории и истовремено да ги надградуваат вештините – од процесот на истражување, па сè до фазата на застапување од претставници на здруженијата и на граѓанските организации.  Работилница Охрид 2

Работилница Охрид 3

Претседателката на РЕСИС Снежана Трпевска ги претстави начелата и целите врз кои е заснована Европската регулатива за слобода на медиумите, како прва сеопфатна регулатива на ЕУ што има за цел да ги зајакне слободата, независноста и плурализмот на медиумите во сите земји членки. На саморегулацијата, извршната директорка на СЕММ Билјана Георгиевска во својата презентација стави акцент на професионалните и на етичките стандарди на кои инсистира Советот за етика како орган за саморегулација на медиумите и претстави неколку европски примери на медиуми на заедницата.

Во последните сесии од работилницата учесниците самостојно истражуваа и предлагаа теми за можни стории, добивајќи сугестии од искусните членови на тимот на РЕСИС и на СЕММ. Дел од овие теми се очекува да бидат обработени низ новинарски стории во наредниот период.

*Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, „Цивика мобилитас“ или на организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање