Civica.jpg

Повик за прибирање понуди за ангажман на професионален фотограф за тематски форум

Во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“, се распишува јавен оглас за прибирање понуди за ангажман на професионален фотограф за фото-документација на Тематски форум кој ќе се одржи на 15 октомври 2025 година во Скопје, со предвиден број од 80 учесници.

  1. Предмет на јавниот оглас

Професионално фотографирање и фото-документација на тематски форум со предвиден број од 80 учесници, кој ќе ги содржи следните компоненти:

  • Фотографирање за цело време на спроведување на настанот, во временски период од 4 часа  (од 9:00 до 13:00 часот) на 15.10.2025 година;
  • Доставување на сите фотографии од настанот во висока HD резолуција;
  • Дополнително едитирање на 10 фотографии, со цел нивно објавување на интернет страните и социјалните медиуми на организациите организатори на настанот;
  1. Право на учество

Право на учество имаат физички и правни лица кои:

– располагаат со  соодветна опрема за професионално фотографирање;

– имаат најмалку пет години искуство во професионално фотографирање на јавни настани (форуми, конференции и сл.);

  1. Рок и начин на доставување на понудите

Понудите треба да содржат:

  • CV на лицето кое ќе го врши фотографирањето;
  • Извод од Централен регистар (само доколку аплицира правно лице);
  • Портфолио на претходно изработени фотографии од јавни настани (конференции, форуми, семинари и слично);
  • Цена за услугата наведена под член 1, во МКД: – без ДДВ (доколку конкурира правно лице), – бруто износ за надомест со вклучен персонален данок (доколку конкурира физичко лице);
  • Контакт информации на понудувачот – телефон и е-маил.

Понудите треба да се достават најдоцна до 01.10.2025 година, на е-пошта: bpavlovski@esem.org.mk или esem@esem.org.mk.

  1. Критериуми за избор
  • Најповолна вкупна цена;
  • Квалитет на понудените услуги;
  • Квалитет на портфолиото од фотографии од јавни настани.

Проектот се спроведува во партнерство помеѓу Здружение ЕСЕ,  ХЕРА, Заедно посилни и Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, а е финансиран од Швајцарската развојна агенција преку програмата Цивика Mобилитас.

                       

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Водич за родители

    Овој едукативен материјал претставува практичен водич за родителите за нега, грижа и унапредување на здравјето и развојот на новороденчето, доенчето и малото дете од раѓање до 3-годишна возраст. Материјалот нуди јасни насоки за секој развоен период, вклучувајќи емоционално поврзување, безбедност, развојни чекори и правилна исхрана. Со разбирливи информации и практични…

  • Практикување на позитивно родителство

    Овој едукативен материјал е посветен на практикувањето на позитивно родителство и градењето сигурна, поддржувачка и ненасилна врска помеѓу родителот и детето. Преку конкретни и лесно применливи совети, материјалот ги охрабрува родителите да користат емпатија, трпение и јасна комуникација во воспитувањето, со почитување на индивидуалните потреби и емоции на детето. Материјалот…

  • Како се чувствувам по породувањето?

    Овој едукативен материјал е наменет за жените во периодот по породувањето и има за цел да помогне во препознавање и разбирање на емоционалните и психолошките промени по раѓањето на бебето. Материјалот нуди едноставна самопроценка, практични совети за грижа за себе и јасни насоки кога и каде да се побара стручна…

  • Одржана обука за обучувачи: „Корупција во здравството – родови перспективи“

    Во периодот 22–24 декември, Здружението ЕСЕ организираше обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT) на тема „Корупција во здравството: родови перспективи“, со цел јакнење на капацитетите на граѓанските организации за препознавање, спречување и адресирање на корупцијата во здравствените услуги кои се од клучно значење за жените, особено во областите…

  • Обука за полициски службеници за постапување во случаи на родово засновано и семејно насилство

    Во периодот 23-24ти декември 2025 година Здружение ЕСЕ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) организираше обука за  полициски службеници за подобрување на нивните капацитети за работа во случаите на родово базирано и семејно насилство. Обуката се организираше во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените…