[Aggregator] Downloaded image for imported item #43097

Обука за полициски службеници за постапување во случаи на родово засновано и семејно насилство

Во периодот 23-24ти декември 2025 година Здружение ЕСЕ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) организираше обука за  полициски службеници за подобрување на нивните капацитети за работа во случаите на родово базирано и семејно насилство. Обуката се организираше во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство“ кој Здружение ЕСЕ го спроведува со финансиска поддршка на фондацијата Квина Тил Квина од Шведска. Станува збор за втора обука за иста група на полициски службеници кои беа номинирани од страна на МВР во 2024 година, односно по еден полициски инспектор и двајца униформирани полициски службеници од Секторите за внатрешни работи од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Битола и Охрид. Обуката беше испорачана од страна на практичари кои имаат богато искуство во постапување и градењето на системот за заштита од семејно насилство: Катина Павловска, клинички психолог во Советувалиште за жртви на семејно насилство во ЕСЕ, Цена Чаловска, поранешен полициски советник во МВР и Габриела Гајдова, судија во Апелационен суд Скопје.

Во однос на содржината, со обуката беа опфатени следните компоненти:

  • Препознавање на различните форми на семејно насилство, природа и карактеристики,
  • Законски надлежности на полиција во рамките на граѓанско-правниот систем на заштита;
  • Улогата на полицијата во кривичната постапка за делата за родово базирано и семејно насилство.













This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Building Inclusive and Resilient Communities (2021-2026) – from results to sustainable policies

    The Macedonian Young Lawyers Association (MYLA) held the final event of the project “Building Inclusive and Resilient Communities” in Skopje on March 25.2026, where the results of the five-year implementation were presented and an expert discussion was opened on the current security challenges related to […]
    The post Building Inclusive and Resilient Communities (2021-2026) – from results to sustainable policies appeared first on Myla.

  • Едукативна работилница во Прилеп за поддршка на здравјето на мајките и децата

    На 13.03.2026 година во Прилеп одржавме едукативна работилница посветена на унапредувањето на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 15 жени, од кои дел беа во период на бременост, а дел мајки кои се породиле во изминатата година. Во рамки на работилницата,…

  • Водич за родители

    Овој едукативен материјал претставува практичен водич за родителите за нега, грижа и унапредување на здравјето и развојот на новороденчето, доенчето и малото дете од раѓање до 3-годишна возраст. Материјалот нуди јасни насоки за секој развоен период, вклучувајќи емоционално поврзување, безбедност, развојни чекори и правилна исхрана. Со разбирливи информации и практични…

  • Практикување на позитивно родителство

    Овој едукативен материјал е посветен на практикувањето на позитивно родителство и градењето сигурна, поддржувачка и ненасилна врска помеѓу родителот и детето. Преку конкретни и лесно применливи совети, материјалот ги охрабрува родителите да користат емпатија, трпение и јасна комуникација во воспитувањето, со почитување на индивидуалните потреби и емоции на детето. Материјалот…