[Aggregator] Downloaded image for imported item #46149

Едукативна работилница во Прилеп за поддршка на здравјето на мајките и децата

На 13.03.2026 година во Прилеп одржавме едукативна работилница посветена на унапредувањето на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 15 жени, од кои дел беа во период на бременост, а дел мајки кои се породиле во изминатата година.

Во рамки на работилницата, учесничките се информираа за значењето на грижата за сопственото здравје за време на бременоста, за здравите животни стилови, за телесните и психолошките промени што се очекувани во овој период, како и за можните ризици и здравствени состојби со кои може да се соочат жените. Посебно внимание беше посветено на периодот по породувањето, при што беа опфатени и вообичаените промени, но и симптомите што укажуваат на потреба од навремена и соодветна здравствена поддршка.

Дел од работилницата беше посветен и на грижата, развојот и раната стимулација на бебињата и малите деца на возраст од 0 до 3 години. Жените добија практични насоки за препознавање на развојните потреби на децата и за создавање безбедна и поддржувачка средина што придонесува за нивен здрав раст и развој.

Во сегментот посветен на мајчиното ментално здравје беа обработени најчестите предизвици со кои се соочуваат жените за време на бременоста и по породувањето по однос на менталното здравје. Учесничките имаа можност активно да се вклучат во дискусија, да споделат искуства и да се запознаат со техники за релаксација и справување со стресот.

Работилницата во Прилеп е дел од серијата едукативни работилници што ЕСЕ ги реализира во рамки на проектот „Соработка во областа на здравството со Северна Македонија“, финансиски поддржан од Амбасадата на Франција во Северна Македонија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Building Inclusive and Resilient Communities (2021-2026) – from results to sustainable policies

    The Macedonian Young Lawyers Association (MYLA) held the final event of the project “Building Inclusive and Resilient Communities” in Skopje on March 25.2026, where the results of the five-year implementation were presented and an expert discussion was opened on the current security challenges related to […]
    The post Building Inclusive and Resilient Communities (2021-2026) – from results to sustainable policies appeared first on Myla.

  • Водич за родители

    Овој едукативен материјал претставува практичен водич за родителите за нега, грижа и унапредување на здравјето и развојот на новороденчето, доенчето и малото дете од раѓање до 3-годишна возраст. Материјалот нуди јасни насоки за секој развоен период, вклучувајќи емоционално поврзување, безбедност, развојни чекори и правилна исхрана. Со разбирливи информации и практични…

  • Практикување на позитивно родителство

    Овој едукативен материјал е посветен на практикувањето на позитивно родителство и градењето сигурна, поддржувачка и ненасилна врска помеѓу родителот и детето. Преку конкретни и лесно применливи совети, материјалот ги охрабрува родителите да користат емпатија, трпение и јасна комуникација во воспитувањето, со почитување на индивидуалните потреби и емоции на детето. Материјалот…

  • Како се чувствувам по породувањето?

    Овој едукативен материјал е наменет за жените во периодот по породувањето и има за цел да помогне во препознавање и разбирање на емоционалните и психолошките промени по раѓањето на бебето. Материјалот нуди едноставна самопроценка, практични совети за грижа за себе и јасни насоки кога и каде да се побара стручна…