[Aggregator] Downloaded image for imported item #43095

Одржана обука за обучувачи: „Корупција во здравството – родови перспективи“

Во периодот 22–24 декември, Здружението ЕСЕ организираше обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT) на тема „Корупција во здравството: родови перспективи“, со цел јакнење на капацитетите на граѓанските организации за препознавање, спречување и адресирање на корупцијата во здравствените услуги кои се од клучно значење за жените, особено во областите на репродуктивното и мајчиното здравје, гинеколошките услуги и пристапот до здравствена заштита без дискриминација.

На обуката учествуваа 12 претставници од четири партнерски граѓански организации (Станица ПЕТ, ХЗ Мајка, ГИЖ и Женски Форум), кои преку тридневна програма стекнаа теоретски знаења и практични вештини за идентификување на коруптивни практики во здравствените услуги што ги користат жените, за заштита на нивните здравствени права и за пренесување на овие знаења на локално ниво.

Првиот ден беше посветен на поставување на основите, вклучително и преглед на здравствените права на жените во контекст на пристапот до здравствени услуги, презентиран од  др. Тофовски, како и вовед во поимот корупција, нејзините форми и типологии, со посебен акцент на тоа како корупцијата се манифестира во услугите што најчесто ги користат жените. Останатите сесии, како и целокупниот процес, беа водени од Лилјана Цветановска експертка во оваа област.

Вториот ден беше фокусиран на конкретните форми на корупција во здравството и нивното влијание врз жените, вклучително и неформални плаќања, нееднаков пристап до услуги и злоупотреби во системот на здравствена заштита. Преку работилници и групна работа, учесниците работеа на реални примери за заштита на здравствените права на жените од коруптивни практики, како и на развој на презентациски и обучувачки вештини.

Третиот ден беше посветен на практична примена на стекнатите знаења, преку групни презентации, дискусија и заедничка рефлексија. Учесниците ги презентираа своите подготвени содржини насочени кон препознавање и адресирање на корупцијата во здравствените услуги за жени и добија повратни информации, со што дополнително се зајакна нивната улога како идни обучувачи.

По завршување на обуката, учесниците ќе спроведуваат локални работилници и теренски активности, ќе ги пренесуваат стекнатите знаења во своите заедници и ќе придонесуваат кон подигнување на јавната свест и јакнење на заштитата на здравствените права на жените, со посебен фокус на спречување и адресирање на корупцијата во здравствените услуги.







This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Водич за родители

    Овој едукативен материјал претставува практичен водич за родителите за нега, грижа и унапредување на здравјето и развојот на новороденчето, доенчето и малото дете од раѓање до 3-годишна возраст. Материјалот нуди јасни насоки за секој развоен период, вклучувајќи емоционално поврзување, безбедност, развојни чекори и правилна исхрана. Со разбирливи информации и практични…

  • Практикување на позитивно родителство

    Овој едукативен материјал е посветен на практикувањето на позитивно родителство и градењето сигурна, поддржувачка и ненасилна врска помеѓу родителот и детето. Преку конкретни и лесно применливи совети, материјалот ги охрабрува родителите да користат емпатија, трпение и јасна комуникација во воспитувањето, со почитување на индивидуалните потреби и емоции на детето. Материјалот…

  • Како се чувствувам по породувањето?

    Овој едукативен материјал е наменет за жените во периодот по породувањето и има за цел да помогне во препознавање и разбирање на емоционалните и психолошките промени по раѓањето на бебето. Материјалот нуди едноставна самопроценка, практични совети за грижа за себе и јасни насоки кога и каде да се побара стручна…

  • Обука за полициски службеници за постапување во случаи на родово засновано и семејно насилство

    Во периодот 23-24ти декември 2025 година Здружение ЕСЕ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) организираше обука за  полициски службеници за подобрување на нивните капацитети за работа во случаите на родово базирано и семејно насилство. Обуката се организираше во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените…