Forum Tetovo 2

Форум за практичари за подобрување на граѓанско правната заштита на жените што претрпеле семејно насилство

На 08ми ноември 2024 година во Тетово организиравме форум за практичари од Центрите за социјална работа (ЦСР), основните судови, подрачните одделенија на Министерството за правда и граѓанските организации од Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар, со цел дискутирање на можностите за подобрување на граѓанско – правната заштита и економската состојба на  жените што претрпеле семејно насилство. Станува збор за приоритетни потреби на жените, како што е ефективната заштита од идни акти на насилство, како и нивните финансиските можности за решавање на поврзаните правни проблеми со кои се соочуваат и обезбедување на соодветни услови за живот за нив и нивните деца по разводот или разделбата.

Предмет на дискусија беше начинот на постапување на практичарите генерално, со посебен фокус на граѓанската судска постапка за изрекување на привремени мерки за заштита (ПМЗ) од семејно насилство. Практичарите го споделија своето искуство и бариерите со кои се соочуваат при поведувањето, текот на постапката, изрекувањето и следењето на ПМЗ, а воедно дадоа и свои предлози за подобрување на правната рамка и подобрување на одделните аспекти од нивното постапување. Нагласена беше потребата за подобрување на разбирањето во јавноста, а особено кај жените за овој законски механизам за заштита, континуираното јакнење на знаењата и вештините на практичарите и зголемување на меѓусебната соработка и координација помеѓу надлежните институции. Економската димензија на семејното насилство, односно економските последици од насилството и финансиската состојба на жените што претрпеле семејно насилство е друга приоритетно прашање кое беше дискутирано на форумот. Појдовна основа беа наодите од анализите кои ЕСЕ ги спроведува во консултации со жените што претрпеле семејно насилство, кои покажуваат дека жените се соочуваат со многу високи трошоци како резултат на семејното насилство кои не можат да ги надоместат: изгубена работа/намалени приходи, здравствени трошоци, трошоци поради промена на местото на живеење и други трошоци. Истовремено, голем дел од сторителите на семејно насилство не ја плаќаат досудената издршка за децата па  финансискиот товар за грижата за децата го носат самите жени.  Нагласена беше потребата за зголемување на финансиската поддршка и економското зајакнување на жените што претрпеле семејно насилство, а воедно и потребата за усвојување на посебен Закон за надоместување на неплатената издршка за децата од страна на државата.

Настанот се организира во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство“ кој здружение ЕСЕ го спроведува со поддршка на шведската фондација Квина Тил Квина.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Водич за родители

    Овој едукативен материјал претставува практичен водич за родителите за нега, грижа и унапредување на здравјето и развојот на новороденчето, доенчето и малото дете од раѓање до 3-годишна возраст. Материјалот нуди јасни насоки за секој развоен период, вклучувајќи емоционално поврзување, безбедност, развојни чекори и правилна исхрана. Со разбирливи информации и практични…

  • Практикување на позитивно родителство

    Овој едукативен материјал е посветен на практикувањето на позитивно родителство и градењето сигурна, поддржувачка и ненасилна врска помеѓу родителот и детето. Преку конкретни и лесно применливи совети, материјалот ги охрабрува родителите да користат емпатија, трпение и јасна комуникација во воспитувањето, со почитување на индивидуалните потреби и емоции на детето. Материјалот…

  • Како се чувствувам по породувањето?

    Овој едукативен материјал е наменет за жените во периодот по породувањето и има за цел да помогне во препознавање и разбирање на емоционалните и психолошките промени по раѓањето на бебето. Материјалот нуди едноставна самопроценка, практични совети за грижа за себе и јасни насоки кога и каде да се побара стручна…

  • Одржана обука за обучувачи: „Корупција во здравството – родови перспективи“

    Во периодот 22–24 декември, Здружението ЕСЕ организираше обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT) на тема „Корупција во здравството: родови перспективи“, со цел јакнење на капацитетите на граѓанските организации за препознавање, спречување и адресирање на корупцијата во здравствените услуги кои се од клучно значење за жените, особено во областите…

  • Обука за полициски службеници за постапување во случаи на родово засновано и семејно насилство

    Во периодот 23-24ти декември 2025 година Здружение ЕСЕ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) организираше обука за  полициски службеници за подобрување на нивните капацитети за работа во случаите на родово базирано и семејно насилство. Обуката се организираше во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените…