599949433 1294047582768341 2203275740233992662 n

Објавен извештајот на Индексот за транспарентност на политичките партии за 2025

Изборните циклуси резултираат со забавување на внатрепартиските реформи – ова е главниот наод од Индексот за транспарентност на политичките партии (ИТПП) за 2025 година во Северна Македонија.

Вестминстер фондацијата за демократија (WFD) и Форум за разумни политики го презентираа третиот извештај на ИТПП за Северна Македонија, по што следеше панел-дискусија. Претставници на 11 политички партии опфатени со извештајот се осврнаа на оценката за сопствената партија за 2025 година, како и на плановите за реформи во 2026 година и понатаму. Периодот што следи, во кој не се предвидени редовни избори до 2028 година, претставува можност за политичките партии да ги зајакнат внатрешните демократски процеси. Оваа активност е дел од проектот „Democracy Works“, финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Линк до извештајот.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање