493789254 682227171215672 8715052262948213847 n 1024x683

Доделени сертификатите на учесниците од Академијата за пратеници

На 28-ми април, 2025 свечено се заокружи Академијата за пратеници 2024/2025 во рамки на проектот „Доба на подобри политичари“, спроведен од Форум за разумни политики со поддршка на Владата на Обединетото Кралство. На пратениците им беа доделени сертификати во знак на признание за нивната: активна улога во целокупната програма, отвореноста и мотивацијата за продлабочување на знаењата.

Церемонијата на доделување сертификати се одржа во Собранието на Република Северна Македонија во присуство на г. Африм Гаши, претседател на Собранието, и г. Даниел Филер, заменик амбасадор на Обединетото Кралство, кои ја истакнаа важноста на Академијата за јакнење на парламентарната култура и меѓупартиската соработка.

Искрена благодарност до пратениците, сите предавачи и соработници кои беа дел од овој процес.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање