Civica News

  • There is a need for greater mobilization of citizens

    Potrebno e pogolemo mobiliziranje na gragjaniteНа 22 јули 2015 година, во Центарот за развој на младите на општина Гостивар, се одржа четвриот регионален форум на Цивика мобилитас. Под мотото „Твој простор, твој глас“ десетина претставници на граѓански организации, на општини како и граѓански активисти разговараа за потребните промени во Полошкиот регион.

  • The fifth regional forum of Civica Mobilitas was organized

    IMG 7686На 22 септември 2015 година, во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, се одржа петтиот регионален форум на Цивика мобилитас. Под мотото „Твој простор, твој глас“ десетина претставници на граѓански организации разговараа за потребните промени во Југоисточниот регион.

  • Joint actions provide greater credibility

     

    regionalen forum kavadarci

    На седмиот регионален форум на Цивика мобилитас што се одржа на 13 октомври 2015 година во просториите на Домот на културата во Кавадарци претставниците на граѓанските организации од вардарскиот регион разговараа за меѓусебната соработка, за проблемите со миграцијата, за видливоста и кредибилитетот на акциите.
    Сајмон Форестер, меѓународен експерт, потенцираше дека форумите се можност за меѓусебно запознавање на организациите што може да води во понатамошна соработка. „На овој начин ќе се намали меѓусебната конкуренција, а ќе се зголеми соработката“, рече Форестер. 

  • The organizations from the Pelagonia region were agreeing on joint ideas about civic activism and domestic violence protection

    regionalen forum bitolaОсмиот, и последен за годинава, регионален форум на Цивика мобилитас се одржа на 15 октомври 2015 година во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола и им беше наменет на организациите од пелагонискиот регион.

  • Presented the awards for volunteering

    Во рамки на Националниот форум „Граѓански ангажман и волонтерството“ организиран од Цивика Мобилитас и партнерите, Националниот совет за развој на волонтерство и Министерството за труд и социјална политика ги доделија националните награди за волонтерство за 2015 година.

  • Civil society organizations had the obligation to stimulate volunteering

    CM forum volonterstvo2Дебатата „Hands on matters“ што се одржа во рамките на програмата на Националниот форум на Цивика мобилитас беше посветена на Граѓанскиот ангажман и влонтерството. На дебатата зборуваа Александра Ристовски, Никица Кусеникова, Ивона Крстевска, Габриела Андреевска, Даниела Стојанова, Ѓоко Вукановски и Логин Кочишки.

  • Security and freedom of the journalists in Macedonia

    ZNM bezbednost na novinarite 1Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.

  • The secrets of successful mobilization

    tematski forum CM prva sesija 1Што значи и зошто е важна мобилизацијата на заедницата, која е целта, мотивот и каква е улогата на граѓанските организации? Овие прашања беа само дел од воведните излагања и дискусиите кои се развија на тематскиот форум на Цивика мобилитас кој се одржа на 13 октомври 2016 година во Едукативниот центар М6 во Скопје.

  • Organizational development planning

    Rabotilnica INS1Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини