Во теоријата “претприемништвото” и “претприемачот” како термин не се унифицирано дефинирани, и можат  да се најдат повеќе дефиниции за претприемништво. Според дефиницијата која ја користи Меѓународната организација на трудот (ILO), “Претприемништвото претставува признавање на
можноста да се создаде вредност, како и процесот на искористување на оваа можност, без разлика дали се работи за формирање на нов субјект. Иако концептот на иновација и преземање на ризик често се поврзани со претприемништвото, не се земени во дефинирањето на терминот.”1 Од друга страна во публикација на Светска банка (2007) “претприемништвото е феномен во економијата со кој поединци или компании преземаат ризици за да се создаде нешто ново, со цел да се искористат придобивките од новиот потфат”
Според ГЕМ (Global Entrepreneurship Monitor) со терминот претприемништвото се подразбира “секој нов бизнис или потфат, како самовработување, нова бизнис – организација или проширување на постоечкиот бизнис од страна на поединец, тим, или од веќе воспоставен бизнис”.