Холистичкиот извештај за човековите права на лицата со попреченост во Република Македонија се спроведе во рамките на проектот „Слушнете го нашиот глас“, финансиран од Европската унија. Спроведувач е Отворете ги прозорците во партнерство со Центарот за ориентација во заедницата од Белград. Истиот е дел од глобалната иницијатива на DRPI – Меѓународната промоција на правата на лицата со попреченост. Овој холистички извештај, покрај анализата за субстантивните права во погоре наведените области, се занимава и со прашањето на назначување на национален механизам за набљудување во Република Македонија.