fbpx
x
Мени

За програмата

Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество чија трета фаза започна да се спроведува од 1 јануари 2019 година и ќе трае до 31 декември 2022 година.

Општа цел

Општествените промени во Македонија се поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.

Програмата има четири резултати:

  1. Околината за развој на граѓанското општество е подобрена преку креирање механизми за подобра соработка помеѓу властите и граѓанските организации и зголемување на јавното финансирање за граѓанското општество.
  2. Граѓанските организации градат силни конституенти овозможувајќи активно учество на граѓаните во граѓанските иницијативи како и во волонтерските активности.
  3. Соработката помеѓу граѓанските организации е подобрена и води кон сојузи во граѓанското општество.
  4. Граѓанските организации активно учествуваат во јавните политики и носењето одлуки кои водат кон подобри политики и практики.

Целна група

Здруженијата и фондациите регистрирани во Македонија според Законот за здруженија и фондации. Другите актери на граѓанското општество како што се синдикатите, стопанските комори, медиумите, научно-истражувачки установи, како и самите граѓани.

Активности

Програмата се состои од три компоненти:

  • Финансиска поддршка – Грантови;
  • Учење;
  • Настани.

Буџет

Буџетот изнесува 270.000.000 денари.