Во декември 2015 година, поголем дел од тимот на Здружение на граѓани Ромски ресурсен центар, започна со процес регистрација на ново здружение на граѓани, како дел од потребата за понатамошен позитивен развој на тимот. Новото здружение, Иницијатива за развој и инклузија на заедниците има 9 основачи и три стратешки цели:

  1. Информирање на заедницата за здравствените и социјалните права, придонес кон подигање на квалитетот на јавните услуги и придонес кон унапредување на политиките за здравствена и социјална заштита
  2. Подигање на образовното ниво и свеста на заедницата за потребата од квалитетно образование, промоција на неформално образование и олеснет пристап до пазарот на трудот.
  3. Мобилизација на заедницата и нејзино вклучување во идентификување на локални проблеми и потреби

Визија: Република Македонија е целосно развиено и инклузивно општество во кое сите граѓани имаат еднакви права и пристап до квалитетни здравствени, социјални и образовни услуги.

Мисија: ИРИЗ е здружение на граѓани кое работи за унапредување на пристапот на Ромите до социјални, здравствени и образовни услуги преку обезбедување на параправна помош и поддршка, информирање и едукација, подигање на нивото на образование и вклучување Ромите во процесите на креирање на јавни политики и стратешко застапување на граѓаните.

ИРИЗ ќе работи со заедницата за заедницата.

Конституенти

ИРИЗ е организација базирана на членство. Во моментов има девет членови на Собрание, 5 членови на Управен одбор и Претседател како законски застапник на организацијата.

Наслов

Општината за нас – заедно со нас!

За што е потребна акцијата

Шуто Оризари е општина во рамките на градот Скопје, со најголема бројка на ромска популација. Низ годините на функционирање, градоначалниците ја немаат искористено можноста за повикување на граѓанска иницијатива. Граѓаните имаат ограничен пристап до вклучување во работата на локалната самоуправа, а согласно тоа и не ги искористуваат своите права како жители на општината. Преку едукација на населението за правото на поднесување на граѓанска иницијатива, како и идентификација на итните потреби ќе се придонесе кон развој на свеста на дел од населението за можностите кои ги имаат како жители на општината, а истовремено, на општината ќе и се укаже функционален модел кој може да го користи во иднина за да има сеопфатен увид во потребите на своите жители како и нивните предлози за надминување на одредена ситуација.

Цели и резултати

Цел

Придонес кон активното граѓанско учество во работата на општината преку мобилизација на заедницата и поднесување на граѓански иницијативи за подобрување/унапредување или воведување на нова услуга/сервис за граѓаните

Резултати

  • Мобилизирана и едуцирана заедница, 100 граѓани од општина Шуто Оризари се запознаени со своето право на учество во работата на локалната самоуправа преку користење на механизмот на граѓанска иницијатива
  • Идентификувани итни потреби на дел од жителите на општина Шуто Оризари
  • Општина Шуто Оризари е запознаена со потребите на граѓаните и има можност да дејствува согласно идентификуваните потреби

Активности

  1. Развој на прашалник за идентификација на потребите на граѓаните
  2. Едукативни работилници + Фокус групи за анализа на потребите на граѓаните (10 фокус групи)
  3. Настан за валидација на наоди од фокус групи со граѓаните
  4. Изработка и поднесување на граѓанска иницијатива
  5. Медиумска промоција на сите активности во текот на целата имплементација

Буџет

299.000,00 МКД