На повикот за акциски грантови АКТ-05 на Цивика мобилитас пристигнаа 108 пријави, од кои 93 беа поднесени на последниот ден, а дел и по истекот на рокот. Денес (4.3.2020г.) започна проверката за административна усогласеност и подобност на пријавите.

Се очекува да се поддржат 10 организации кои ќе бидат познати до крајот на март, по што сите пријавени организации ќе бидат известени, а со добитниците ќе бидат склучени договорите.

Повикот за акциски грантови беше објавен на 3 февруари 2020 година, а заинтересираните граѓански организации и непрофитни научно-истражувачки установи имаа можност да ги поднесат нивните пријави до 3 март 2020 година. За повикот се организираа три информативни сесии кои се одржаа на 13 и 14 февруари, а ги проследија околу 80 претставници на граѓански организации.