ЦИВИКА МОБИЛИТАС бара Ко-фасилитатори за учество во процесот за ПРОЦЕНКА НА КОРИСНИЦИТЕ (Beneficiary Assessment)
Објавено: 25/03/2021
Ако:
- сте заинтересирани да учите за процесите на оценување и да учествувате во исто време во еден од нив;
- сакате да стекнете искуство со нови методологии за оценка;
- сакате да ја проверите ефективноста на спроведените проекти;
- сакате стекнатите сознанија да ги искористите за да им помогнете на граѓанските организации да ја зголемат својата интеракција со граѓаните;
тогаш, веројатно ќе бидете заинтересирани за бидете еден од ко-фасилитаторите кои ќе прават Проценка на корисниците (ПК) на Цивика мобилитас.
Покрај тоа, треба да имате:
- Најмалку тригодишно искуство во спроведување истражувања за граѓански организации, фасилитирање работилници и семинари, спроведување обуки, или слични интерактивни активности;
- Искуство во работење со повеќе сектори и пристапи на повеќе интересни групи;
- Основно познавање на методите за набљудување и оценка (евалуација);
- Барем два примера на авторство на извешати/публикации;
- Познавање на македонскиот и други локални јазици, а предност ќе биде работно познавање на англиски јазик.
Проценката на корисниците е наменета да придонесе кон капацитетите на граѓанските организации за паритиципативни евалуации. Затоа, приоритет ќе им биде даден на кандидатите од граѓанските организации (примарно од грантистите на програмата, освен оние кои примале надомест од проектите), но ќе се земат предвид и други кандидати.
Цивика мобилитас ќе избере од 6 до 10 ко-фасилитатори од повеќе региони од земјава. Со нив ќе биде потпишан договор за ангажманот. Предвидениот надомест ќе изнесува околу 1.000 евра.
Пријавувањето може да го направите едноставно со испраќање на Вашата биографија (CV) на helpdesk@civicamobilitas.mk. Биографијата треба да содржи информации за петте барања наведени погоре. Рокот за пријавување е 2 април 2021 година до 12 часот.
Повеќе информации за улогата на ко-фасилитаторот и активностите во кои ќе биде вклучен можете да најдете во Описот на надлежности.
