На повикот за апликации за институционални грантови на Цивика мобилитас пристигнаа 144 пријави.  Повикот беше отворен до 3 јуни 2019 година.

По проверката за административна усогласеност и подобност на пријавите, 16 апликанти беа означени како неподобни, а останатите предлози во моментов се оценувани од независната комисија. Резултатите од овој повик ќе бидат објавени во првата недела на јули.

Институционалните грантови се предвидени да го поддржат организациското јакнење на поединечните граѓански организации, вклучувајќи и коалиции, мрежи и платформи. Тие ќе предводат активности кои го здружуваат остатокот од грантистите на Цивика мобилитас, како и севкупното граѓанско општество во Северна Македонија.