Граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас најдоцна до 25 март 2019 година, во 16 часот.

Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас, односно кон општествени промени кои се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво.

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде помеѓу 12 и 24 месеци, а големината на грантот  треба да биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 10 март 2019 г.

Цивика мобилитас ќе одржи една информативна сесија за овој повик чиј датум, време и место ќе бидат објавени на: www.civicamobilitas.mk

Целиот оглас можете да го видите на: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-akt-04/