На 30 март 2015 година, во МЦМС се одржа првиот информативен состанок со добитниците на институционални грантови од програмата Цивика мобилитас.

2015 03 30 11.23.14

На состанокот присуствуваа сите 16 прелиминарно избрани организации, добитници на институционални грантови, тимот на Цивика мобилитас и претставник на донаторот, Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

  • Здружение ХЕЛТГРУПЕР САМИТ – истражување од областа на здравствените и социјални политики Скопје,
  • Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар,
  • Здружение за социјална правда Левичарско движење Солидарност –Скопје,
  • ИЗБОР – Струмица,
  • Здружение на новинарите на Македонија Скопје,
  • Здружение Асоцијација за демократска иницијатива,
  • Полио плус – пост полио група за подршка,
  • Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје,
  • Мултиетничко здружение „Флоренс Најтингел“,
  • Здружение Организација на жените на општина Свети Николе,
  • Фондација за развој на локалната заедница Штип,
  • Здружение за заштита на животни АНИМА МУНДИ, Скопје,
  • Здружение на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје,
  • Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија,
  • Невладина Организација КХАМ Делчево,
  • Здружение Центар за развој на заедницата Кичево

Грантистите беа запознати со пристапот на Цивика мобилитас кој се базира на теоријата на промени. Акцент ќе биде ставен на учењето и споделувањето како основа за растење и зајакнување на организациите кои ќе создадат критична маса која треба да придонесе за општествени промени.

„Основната цел на новата фаза на Цивика мобилитас е да се зајакне односот на организациите со граѓаните“, рече во своето обраќање Ибрахим Мехмети, од СДЦ. „Со оваа програма сакаме да ги поддржиме организациите да го прават тоа што веќе го прават, на најдобар можен начин“, додаде тој.

Зборувајќи за целите и очекуваните резултати од програмата, претставниците на граѓанските организации побараа повеќе фокус на одржливоста на граѓанските организации и на подобрувањето на овозможувачката околина за нивно функционирање. Беше укажано дека еден од методите што ќе се користи во таканаречената патека на учење ќе бидат и тријадите, односно заедничката соработка на организациите на прашањата за кои ќе имаат ист интерес. Искуството на организациите може да се користи како ресурс во меѓусебното надградување, како и добрите пракси на организациите. Дел од дебатите за важни прашања ќе се одвиваат преку планираните национални и регионални форуми, како и на настаните што ќе ги спроведуваат самите организации.

На грантистите им беше презентиран форматот за Работниот план и за Финансискиот план што треба да бидат подготвени во следниот период, а пред потпишувањето на договорите.