Кризата предизвикана од коронавирусот ја наметна потребата да го промениме начинот на работа, па тоа влијаеше и врз програмата за менторство на Цивика мобилитас. Од октомври 2020 г., осум институционални грантисти на програмата работеа заедно со менторите во процесот на Менторство за организациски развој (МОР), кој опфаќа низа работилници, состаноци и сл., а резултираше со развиени Планови за организациски развој (ПОР).

На дводневната работилница, одржана на 19 и 20 мај, менторите, Ана Василаче, меѓународен експерт за менторирање, како и тимот на Цивика мобилитас дискутираа за добрите практики и позитивните страни на досегашниот процес, како и за можностите за подобрување и прилагодување за онлајн водење на процесот во случај да продолжи кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Меѓу позитивните страни на пристапот на менторство од локални експерти се: поголема ефикасност на процесот, поголема вклученост, учество и посветеност од страна на претставниците на организациите, добро подготвени ресурси и јасни формати и материјали за работа.

Преку групна работа менторите ги издвоија можностите за подобрување, како што се зголемување на бројот на групни сесии, онлајн состаноци, онлајн достапност на ресурсите и предлог за ревидирање на акциските планови на новите институционални грантисти. Покрај тоа, менторите сметаа дека е потребно да се направи оценка и мапирање на капацитетот и вештините на грантистите, да им се овозможи да ја користат платформата Zoom и да се редизајнира програмата за менторство така што ќе може да се спроведе онлајн.

Програмата „Менторство за организациски развој“ е дел од инструментот за учење во рамки на Цивика мобилитас. Активностите за градење капацитети на институционалните грантисти имаат за цел оспособување на грантистите за поефективно остварување позитивни општествени промени; зголемување на нивната свест за да предизвикаат позитивно влијание врз општеството, како и зајакнување на нивните капацитети за да имаат влијание во секторите во кои се активни.