Комисијата за избор на грантови ги оцени апликациите на организациите кои поднесоа концепт во вториот круг од повикот за мали грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02).

Добитници на мал грант се шест организации и тоа:

Активностите кои новите грантисти ќе ги спроведуваат се однесуваат на децата, младите, доброто владеење, здравјето и здравствената заштита, како и владеењето на правото.

Проектите ќе се спроведуваат во општините Бутел, Чучер Сандево и Шуто Оризари, додека четири од проектите ќе се спроведуваат на национално ниво.

Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој квартал изнесува 1.952.300 денари.Повикот за аплицирање за мали грантови останува отворен до 30 јуни 2022 г. Концептите може да бидат доставени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.