Под мотото „Твој простор, твој глас“, од 10 јуни оваа година, започнуваат Регионалните форуми за соработка на програмата Цивика мобилитас. Првиот од вкупно осумте форуми ќе се организира во Куманово, во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, со почеток во 10 часот.

 

pochnuvaat regionalnite forumi na civika mobilitas

Присутните претставници на граѓански организации или други заинтересирани граѓани ќе имаат можност да споделат искуства за ефективна соработка за општествена промена. Покрај добрите практики од Европа и од Македонија, ќе се споделат и искуствата на локалните граѓански организации.

Во „отворен простор“ учесниците ќе може да ги изберат приоритетните области и да работат заедно на идентификување теми.

Форуми ќе бидат отворени за сите граѓански организации и индивидуални активисти во регионот кои ги споделуваат вредностите и целите на Цивика мобилитас и кои се посветени на соработката со другите чинители за постигнување на општествени промени.

Сите заинтересирани за учество на форумите можат да се пријават и да предложат теми за дискусија преку пополнување на онлајн формуларот http://goo.gl/forms/yDl6biqx06.

По Куманово, регионални форуми ќе се одржат во Шуто Оризари, на 23 јуни, во Охрид на 25 јуни и во Гостивар на 22 јули 2015 година. Во септември и октомври домаќини на регионалните форуми ќе бидат: Радовиш, Штип, Свети Николе и Крушево. Точните датуми и локациите на одржување на форумите ќе бидат дополнително објавени на веб страната на Цивика мобилитас.