Отворен повик за акциски грантови на Цивика мобилитас
Објавено: 03/02/2020
Граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас наjдоцна до 3 март 2020 година, во 16 часот.
Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас, односно кон општествени промени кои се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво.
Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде помеѓу 12 и 24 месеци, а големината на грантот треба да биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари.
Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 22 февруари 2020 г.
Цивика мобилитас ќе одржи една информативна сесија за овој повик чиј датум, време и место ќе бидат објавени на: www.civicamobilitas.mk
Целиот оглас можете да го видите на: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-akt-05/