Иновативниот пристап за одржливост на граѓанските организации (ГО) беше тема на дводневната работилница на Цивика мобилитас (ЦМ), што се одржа во Маврово, на 28 и 29 ноември 2022 година. Работилницата ја спроведоа меѓународни и локални експерти, предводена од Сајмон Форестер, меѓународен клучен експерт на ЦМ и Натан Коешел, директор на Каталист Балкан.

Дваесет претставници од грантистите на ЦМ добија теоретско и практично знаење поврзано со иновативните начини за генерирање фондови и одржливост на ГО.

viber_image_2022-12-21_12-57-46-004

На работилницата се дискутираа моделите и обрасците за генерирање фондови кои водат кон поодржливи ГО. Дел од програмата беа моделите за донации, peer-to-peer моделот, моделот за членство, crowdfunding и сл. Преку групна работа, учесниците имаа можност да се запознаат со Канвас моделот, модел кој се користи за сеопфатно планирање на клучните партнери, ресурси, активности, врски и сл. за поорганизиран пристап за генерирање фондови.

viber_image_2022-12-21_12-57-12-976

Учесниците изразија интерес за примена на некои од новите начини за генерирање фондови. Тие истакнаа дека е од голема важност ГО да посветат внимание на оваа тема со цел да ги надминат традиционалните рамки за генерирање на фондови. Покрај големиот интерес за работилницата, учесниците посочија дека во иднина почесто им се потребни ваквиработилници и обуки со цел поквалитетно учење кое ќе може полесно да го применат во секојдневното функсионирање на нивните организации.

Работилницата „Иновативниот пристап за одржливост на граѓанските организации“ е дел од Програмата за учење на Цивика мобилитас.

viber_image_2022-12-21_12-57-32-145