Комисијата за избор на грантови ги оцени 45-те концепти кои организациите ги поднесоа во третиот круг од повикот за мали грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02).

Добитници на мал грант се седум организации и тоа:

Новите грантисти ќе работат на одржлива ресоцијализација на бездомни лица, ќе го подобрат пристапот до човекови права и заштитата за бегалци и мигранти во земјава, ќе ги охрабрат жените Ромки да го пријават семејното насилство, а исто така ќе ги здружат членовите на згрижувачките семејства на лицата со пречки во развојот во општина Крушево. Покрај тоа, тие ќе подготват документарен филм за состојбата на квалитетот на водата и опкружувањето по течението на реката Вардар, ќе го зголемат разбирањето и употребата на отворени податоци кај граѓанските организации, а исто така ќе вршат граѓански надзор врз спроведувањето на надлежностите и функционирањето на безбедносните институции.

Акциите на новите грантисти ќе се однесуваат на лица со посебни потреби, родови прашања, отчетност, човекови права, животна средина и вработување.

Проектите ќе се спроведуваат во Штип, Крушево, Скопје, во пограничните транзитни центри Табановце и Винојуг, додека четири од проектите ќе се спроведуваат на национално ниво.

Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој квартал изнесува 2.243.950 денари.

Повикот за аплицирање за мали грантови останува отворен до 30 јуни 2022 г. Концептите може да бидат доставени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.