Национален форум: „Од граѓански активизам до општествени промени – очекувањата наспроти реалноста“
Објавено: 10/11/2023
Ви го најавуваме Националниот форум на Цивика мобилитас ќе се одржи на 15 ноември во хотел Александар Палас со почеток од 10:00 часот, насловен „Од граѓански активизам до општествени промени – очекувањата наспроти реалноста“.
Како главни говорници на темата поканивме поранешни граѓанските активисти кои денес преку нивните функции имаат (ин)директна моќ за донесување битни општествени одлуки за граѓанскиот сектор и граѓаните. Исто така поканивме и колеги од секторот кои во еден период беа дел од државните структури. Погледнете ја агендата.
На форумот поздравно обраќање ќе има амбасадорката на Швајцарија во Скопје Н.Е Вероник Улман, додека настанот ќе го модерира тим лидерот на Цивика мобилитас и директор на МЦМС – Александар Кржаловски.
Како и до сега Цивика мобилитас Ви дава можност да поставите прашања до говорниците. Прашањата можете да ги испратите заедно со пријавата за учество на следниот линк не подоцна од 13 ноември (понеделник) 14:00 часот.
Преземете ја публикацијата „Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023“.
Националниот форум на Цивика мобилитас е последниот најголем настан од оваа фаза (2019-2023) на програмата, па оттука веруваме дека со Вашето учество ќе придонесете за плодна дискусија на ваква значајна тема за нас граѓанските организации.