Крајниот рок за поднесување пријави за повикот за институционални грантови на Цивика мобилитас, реф. бр. ЦМ-ИНС-01 е понеделник, 26 јануари 2015 г. до 16 часот. Канцеларијата на МЦМС ќе биде отворена за прием на пријавите од 9 до 16 часот на 26 јануари 2015 г.

Им обрнуваме внимание на апликантите пред да ја поднесат пријавата внимателно да го прочитаат „ВОДИЧОТ ЗА АПЛИКАНТИТЕ“, дел 3.4. Поднесување на пријавата. Поточно.

Пријавата која е поднесена преку регистрирана пошта или курирска служба мора да биде доставена пред истекот на крајниот рок до следнава адреса:

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
за програмата Цивика мобилитас
ул. „Никола Парапунов“, бр. 41а
Пошт. фах 55, 1060 Скопје, Македонија

Пријавите мора да бидат поднесени во запечатен плик со истакнати:

  • Наслов на повикот за предлози: Цивика мобилитас – институционални грантови;
  • Референтен број на овој повик за предлози: ЦМ-ИНС-01;
  • Име на апликантот;
  • Адреса на апликантот;
  • Зборовите: „ДА НЕ СЕ ОТВОРА ПРЕД СЕСИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ“.

Запечатениот плик треба да содржи:

  • Еден оригинал, испечатен и потпишан во формат А4;
  • Пет копии, испечатени во формат А4.
    Ве молиме имајте предвид дека копиите мора да бидат вистинска копија од оригиналната потпишана верзија;
  • Една електронска верзија на ЦД или УСБ.
    Ве молиме имајте предвид дека електронската верзија треба да биде скенирана од оригиналната потпишана верзија!“.

Пријавите може да се достават и лично (на рака) во канцеларијата на МЦМС во горенаведениот рок, 26.1.2015 г. од 9 до 16 часот.

Повеќе информации за повикот може да најдете: http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01

Повеќе информации за локацијата на канцеларијата на МЦМС, вклучително мапа, може да најдете на: http://www.mcms.mk/mk/za-nas/contact.html