Известување за поместување на одлуки
Објавено: 26/03/2020
Почитувани колеги од Цивика мобилитас заедницата,
Во однос на развојот на ситуацијата со Коронавирус пандемијата, по прогласувањето на вонредната состојба и со тоа неможност за продолжување на дел од редовните активности, програмата Цивика мобилитас ве известува (покрај одложувањето на планираните настани во овој период, преминувањето на „работа од дома“ и препорачувањето на истото до грантистите на програмата) за поместување на одлуки и продолжување на рокови во однос на повиците за грантови:
- Се одлoжува одлучувањето по однос на апликациите за Акциски грантови (ЦМ-АКТ-05), за најмалку еден месец (од крајот на март, за крајот на април);
- Последователно, новиот повик за институционални грантови нема да биде објавен пред одлуката за акциските грантови (поради поврзаност на условите за подобност);
- Се одложува последниот рок за актуелната рунда мали грантови – наместо 31.03, најмалку до 30.04. Пријави за мали грантови може и натаму да се доставуваат, но нема да бидат оценувани пред нормализација на состојбата (засега најрано по 01.05).
Тимот на Цивика мобилитас