Почитувани колеги од Цивика мобилитас заедницата,

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во Македонија, регионот и глобално, а согласно препораките на Министерството за здравство, одлучи да ги одложи сите свои настани планирани до крајот на март оваа година. Од 11 март, МЦМС ја затвори канцеларијата и ги упати соработниците работните обврски да ги обавуваат од дома.

Во таа смисла, одложени се и сите настани планирани за овој период во програмата Цивика мобилитас (оценката на доставените апликации за акциски грантови ќе се одвива редовно независно од ова одложување). Препорачуваме откажување/одложување и на сите настани кои вие сте ги планирале во рамките на вашите грантови од Цивика мобилитас, но тоа е ваша одговорност и одлука.

За контакт со МЦМС и тимот на Цивика мобилитас користете ја редовната е-маил адреса: mcms@mcms.mk, helpdesk@civicamobilitas.mk или директно некој од вработените (сите е-маил адреси се објавени на веб страната).

Тимот на Цивика мобилитас