Избрани 15 институционални грантисти на Цивика мобилитас
Објавено: 08/07/2019
Комисијата за избор на грантови ги оцени апликациите на организациите кои поднесоа пријава на првиот повик за институционални грантови во новата фаза на Цивика мобилитас (ПЦМ-ИНС-04).
Добитници на институционален грант се 15 организации и тоа:
- Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИНСОК, Скопје
- Полио Плус – пост полио група за поддршка
- Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје
- „Здружение на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансексуалци/ки ЛГБТ Јунајтед Тетово“
- Здружение Форум – Центар за стратешки истражувања и документација Скопје
- Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ Скопје
- Еколошко друштво Вила Зора Велес
- Институт за европска политика Скопје
- Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС Скопје
- Здружение на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје
- Здружение Совет за етика во медиумите на Македонија ЕТИКА ПРЕС Скопје
- Здружение за развој на медиуми Онлимит- Скопје
- Здружение Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Република Македонија Скопје
- Здружение за развој „Центар за управување со промени“ Скопје
- Здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ Скопје
Новите грантисти дејствуваат во 10 различни сектори и тоа најмногу во секторот на информации, комуникации и медиуми; но и во секторите за човекови права; развој на граѓанското општество; владеење на правото; антикорупција; ЛГБТИ; добро владеење; животна средина; и деца, млади и студенти.
Најголем дел од грантистите (12) дејствуваат на национално ниво, две регионално во земјата, а една дејствува регионално на Балканот.
На повикот што беше отворен до 3 јуни 2019 г. беа поднесени 144 пријави за институционални грантови. Најголем дел од апликантите делуваат на полињата деца, млади и студенти (18%) и човекови права (10%), а најмалку, односно по еден апликант, се занимава со толеранцијата, транспарентноста, миграцијата и децентрализацијата.