На првата годишнина од одбележувањето на планинарските патеки на Јакупица и врвот Солунска Глава, овозможено со проектот Планинска служба Азот на Цивика мобилитас, амбасадорката Сибил Сутер Тејада во саботата, на 20 јули 2019 година го посети Планинарското друштво „Чеплес“ и се приклучи на искачувањето до Солунска Глава (2540 метри).

За време на посетата, амбасадорката дозна за предизвиците со кои се соочуваат локалните планинари за да ја гарантираат безбедноста на алпинистите, планинарите и планинските велосипедисти во посета на Јакупица. Нивниот ангажман е волонтерски.

Ситуацијата на планинарските патеки до Солунска Глава сега е подобра благодарение на финансиската поддршка од Швајцарија која преку Цивика мобилитас беше обезбедена и за Федерацијата на планински спортови на Северна Македонија. Федерацијата подготви и усвои регулатива и процедури за категоризација, поставување и одржување на патеки, влијаеше на јавноста за потребата од безбедни патеки и оспособи кадри за поставување и одржување на патеки.