Информативна сесија за вториот повик за специфични акциски грантови
Објавено: 23/02/2016
Денес (23.2.2016 г.) во просториите на МЦМС се одржа информативна сесија за вториот повик за специфични акциски грантови со референтен број ЦМ-САК-02. На инфо-сесијата учествуваа 15 претставници на 11 граѓански организации и медиуми кои имаа можност да им постават прашања и да добијат одговори од тимот на Цивика мобилитас во однос на овој повик.
Специфичните акциски грантови на Цивика мобилитас им се наменети на граѓанските организации регистрирани според Законот за здруженија и фондации (2010) за воспоставување и работа со таканаречени „платформи за соработка“ меѓу апликантот, грантистите и тимот на Цивика мобилитас, на следните теми:
- истражување и развој (ИР): добро владеење и индекс на граѓанското општество;
- информации и комуникации (ИК): електронска платформа;
- набљудување, оценка и известување (НОИ).
Овие грантови треба да соберат, креираат и споделат знаење за и со граѓанското општество на горенаведените теми преку истражување, но и развој на методологии и алатки.
Рокот за аплицирање на овој повик е 15 март 2016 година до 16:00 часот.
Дополнителни информации за овој повик за грантови можете да најдете на следниов линк.