Објавен е вториот повик за институционални грантови во рамки на Цивика мобилитас.

За таа цел ги каниме заинтересираните здруженија, фондации и сојузи да учествуваат на онлајн информативната сесија која ќе се одржи на 12 мај 2020 година со почеток во 14 часот. Сесијата ќе се одвива преку платформата Microsoft Teams, а линкот за пристапување ќе го објавиме во 13 часот на веб страната и фејсбук страната на Цивика мобилитас.

Тимот на програмата подетално ќе информира за повикот, за тоа што се очекува од овој тип на грантисти, кои трошоци се подобни и што содржи пријавата. Исто така, ќе одговори и на прашањата и/или дилемите кои произлегле од подготовката на вашата апликација.

Прашањата можете предвреме да ги поставите на helpdesk@civicamobilitas.mk или за време на самата информативна сесија и истите ќе бидат одговорени во живо.

Повикот за институционални грантови е отворен до 1 јуни 2020 г.