Објавен е вториот повик за акциски грантови во рамки на Цивика мобилитас.

Заинтересираните здруженија, фондации и сојузи ги каниме да се пријават за учество на информативната сесија која ќе се одржи на 13 февруари 2020 година во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Тимот на Цивика мобилитас подетално ќе информира за повикот, за тоа што се очекува од овој тип на грантисти, кои трошоци се подобни, што содржи пријавата, а ќе одговори и на прашањата и/или дилемите кои произлегле од подготовката на вашата апликација. Повикот за институционални грантови е отворен до 3 март 2020 г.

*Напомена: Поради ограничен капацитет, ги замолуваме сите заинтересирани да ја пополнат пријавата за присуство. Учесниците кои ќе се пријават по пополнување на планираниот капацитет, ќе добијат писмено известување и Цивика мобилитас за нив ќе организира уште една информативна сесија на 14 февруари 2020 година.

Повеќе информации за повикот се дадени на https://civicamobilitas.mk/povici/cm-act-05/