Форум „Казнивост на делата на омраза“
Објавено: 14/06/2018
Цивика мобилитас денес организира форум насловен „Казнивост на делата на омраза“, со почеток од 16:30 ч., во Галеријата на МКЦ, Скопје.
На настанот ќе се промовира книгата „Срдба и казна“, која е плод на долгогодишно истражување на г-дин Александар Маркоски во рамки на стекнувањето со назив доктор на науки, за што беше поддржан со грант за стипендија во рамки на програмата Цивика мобилитас. Исто така, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, ќе го презентира Извештајот за злосторства од омраза за 2017 година, додека Здружението за кривично право и криминологија на Македонија ќе даде осврт на современите предизвици и судската практика за кривичните дела од омраза.
На настанот се очекува да учествуваат стручни лица од правосудни органи, меѓународни и локални организации, засегнати страни, што ќе придонесе кон квалитетна дискусија и неформално дружење.