Доделени партнерските акциски грантови на Цивика мобилитас
Објавено: 23/12/2022
Комисијата за избор на грантови на Цивика мобилитас ги оцени пристигнатите пријави и додели девет грантови кои ќе ги спроведуваат вкупно 30 организации (списокот на апликантите и нивните партнери е на крајот од текстот).
Со овој повик, Цивика мобилитас излегува во пресрет на социо-економската и енергетската криза во земјава. Овие кризи предизвикаа значително зголемување на поларизацијата во општеството поради различни фактори. Иако Владата обезбедува финансиска поддршка за економски загрозените, јавниот образовен систем, здравствениот систем и јавните претпријатија, државното финансирање и севкупната поддршка на граѓанските организации е минимална или непостоечка. Затоа, со овие акции се поддржани граѓански организации кои ќе работат на теми поврзани со поларизацијата, финансиска криза (буџетски дефицит) и енергетска криза.
Проектите ќе опфатат активности за деполаризација на јавниот дискурс, како предуслов на конструктивен дијалог за градење здрави и отчетни институции; проценка на антикризните мерки за ранливи категории граѓани и за најпогодени фирми; потоа за достапност на здравствените услуги на социјално загрозените категории на граѓани. Еден дел од нив ќе се однесуваат на проценка на енергетската ефикасност на јавните / општински објекти во 4 целни општини (Берово, Пехчево, Дебар и Струга), и ќе предложат мерки и решенија базирани на докази. Ќе се следат буџетските трошења на државата и општините, кои се менуваат под влијание на економската криза (инфлација, стагнација и енергетска криза) и се одразуваат врз граѓаните. Исто така, активности ќе бидат посветени на спречување и заштита од дискриминација и унапредување на социјалната инклузија и еднаквоста итн.
Поддржаните акции ќе се спроведуваат на национално ниво. Грантистите доаѓаат од седум региони и тоа од скопскиот, источниот, југозападниот, пелагонискиот, североисточниот, полошкиот и вардарскиот регион.
На повикот што беше отворен до 11 ноември 2022 г. пристигнаа 75 пријави на вкупно 229 граѓански организации. Од нив, 66 ги исполнија административните критериуми и беа доставени до Комисијата.
- Институт за општествени и хуманистички науки, Скопје во соработка со Здружение на граѓани ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ И АНАЛИТИКА ИМА Скопје, Здружение-Балкански институт за регионална соработка БИРС Тетово и Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола со проектот Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество
- Здружение на граѓани ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје во соработка со Здружение за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР Кривогаштани и Здружение Рурална Коалиција Кичево со проектот Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет
- Здружение Асоцијација за ДЕМОКРАТСКА ИНИЦИЈАТИВА Гостивар во соработка со Здружение за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ Скопје и Здружение за општествен развој и демократија НВО ПУЛСОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА Куманово со проектот Придонес кон јавната дебата и мерките за ублажување на последиците од економската криза
- Здружение на Лекари специјализанти ЗЛС Скопје во соработка со Здружение за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните ПРЕВЕНТУС Скопје и Здружение на студенти од Медицински факултет: Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија со проектот И ти си важен!
- Асоцијација Иницијатива за социјална промена-ИнСок Скопје во соработка со Здружение за социјална интеграција и личен развој ЦЕНТАР ЗА ИНТЕГРАЦИЈА И ПОДДРШКА Скопје и Здружение за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ Скопје со проектот Коалиција на граѓански организации – Форум на мали заедници во Република Северна Македонија
- Здружение на граѓани РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ШУМАРСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Скопје во соработка со Здружение на граѓани ИНСТИТУТ ЗА ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ И РАЗВОЈ Берово, Здружение на еколозите НАТУРА Струга и Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар со проектот Управување за енергетско ефикасни општини
- Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје во соработка со Здружение на даночни советници на Република Македонија ЗДСРМ Скопје и Здружение Центар на активни граѓани АКТИВО Велес со проектот Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните
- Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници МАРГИНИ Скопје во соработка со Здружение ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Скопје, Здружение за рурален развој Локална Акциона Група ВАРДАР ЛЕАДЕР Градско и Македонско здружение на млади правници-МЗМП Скопје со проектот Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка
- Здружение ФОРУМ – ЦЕНТАР ЗА СТРАТЕШКИ ИСТРАЖУВАЊА И ДОКУМЕНТАЦИЈА Скопје во соработка соЗдружение ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување Скопје и Здружение на граѓани ЦЕНТАР ЗА ЕВРОПСКИ РАЗВОЈ И ИНТЕГРАЦИЈА Битола со проектот Младински активизам против корупцијата
