Бидете дел од овогодинешниот фестивал „Ден на Граѓанските Организации“
Објавено: 13/09/2021
Тимот на Цивика мобилитас со особено задоволство Ве поканува да земете учество на овогодинешниот фестивал „Ден на Граѓанските Организации“ што ќе се одржи на 25 септември во Градскиот парк во Скопје пред Школка.
Цивика мобилитас фестивалот е најголемиот настан од ваков вид, каде нашата заедница и бројните граѓански организации ќе имаме можност и оваа година да се претставиме пред граѓаните со цел информирање и остварување на интерактивни средби за работата и активностите на нашите проекти и програми. Овогодинешната тема и главен фокус на фестивалот е „30 Години Граѓански Активизам“ и по тој повод Ве покануваме да го претставите вашиот придонес и постигнувања на Вашата организација.
Како и секоја година, настанот ќе го поздрави и отвори НЕ Сибил Сутер Техада, Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија. Ова ќе биде последното обраќање на амбасадорката во тој капацитет имајќи предвид дека на крајот на септември го завршува својот мандат во нашата земја. Еден Фестивал не ги прави спомените од граѓанското општество, но разбирливо е дека сакаме да и остане во добро сеќавање токму овој, за неа последен настан на Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас секогаш во практикува принципот на партиципативност, така и овој пат содржината на програмата за самиот настан ќе биде креирана согласно со вашите предлози/пријави за активности кои треба да ни ги испратите најдоцна до 17ти септември 2021 (петок) во 12:00 часот.
Истовремено со оваа порака Ве покануваме да земете учество на онлајн информативната средба што ќе се одржи на 15ти септември (среда) во 11:00часот, каде ќе можеме подетално да разговараме и одговориме на сите Ваши прашања и предлози во врска со настанот.
Линк за средбата: Join Zoom Meeting
https://us06web.zoom.us/j/81304098144
Meeting ID: 813 0409 8144
Сите активности на настанот ќе бидат организирани во согласност со мерките за безбедност и заштита на здравјето на учесниците и посетителите. Истовремено би сакале да Ве известиме доколку до датумот на одржување се донесат нови мерки и забрана за организирање на настани истиот ќе биде одложен.
Со нетрпение ги очекуваме Вашите предлози,
Со почит,
Тимот на Цивика мобилитас
