Акции за дијагностицирање но, и за решавање на проблемите
Објавено: 01/06/2023
Програмата Цивика мобилитас ја објави публикацијата „Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас – акциски грантови“ коja содржи вкупно 31 успешни акции спроведени од граѓанските организации наменети за потребите на нивните конституенти.
Постигнувањата на акциските грантови се всушност пресек на општествените предизвици за кои беа понудени соодветни решенија. Започнаа акции за решавање на проблемот со менструална сиромаштија, заживување на Законот за пробација, воспоставување на прва краудфандинг платформа за граѓански иницијативи, заштита на природните вредности на Шар Планина, одржлива мрежа за спасување храна, итн.
Акциите отворија прашања кои се од големо значење за граѓаните на кои треба да се работи во годините кои доаѓаат. Сепак, веруваме дека досега направеното ќе биде инспирација за сите нас, да продолжиме заедно да ги правиме општествените промени.
Публикацијата прочитајте ја ТУКА.
