Втората координативна средба на неформалната мрежа за локален развој се одржа на 6 април 2017 година во просториите на Фондација „Фокус“ во Велес. На средбата присуствуваа претставниците на граѓански организации од општините Велес, Лозово, Градско и Чашка.

12 04 2017 Fokus vesti 1

Организацијата на жени од Лозово предложија да се реконструира детскиот забавен парк, поточно да се реновираат девет клацкалки за деца, вратила и лулки, да се реновира постоечката патека и да се изгради нова патека во должина од 35 метри. Тие предложија и да се постават дрвени летви на бетонскиот полукруг, да се реновираат старите и да се набават нови клупи и да се санира оштетениот дел од оградата како и мрежите на фудбалското игралиште. Претставничката на Организацијата на жени, Марија Моневска, достави и фотографии од моменталната состојба на паркот. Останува да се финализира буџетот за реализација на овој проект.

И од Здружението „Надеж“ од Градско дојдоа со конкретен предлог за реновирање на детскиот забавен парк. Претседателката на Здружението предложи реновирањето да опфати нови клупи, детски реквизити и канти за отпадоци.

12 04 2017 Fokus vesti 2

На третата координативна мрежа ќе се дофинализираат предлозите на граѓанските организации и во иднина ќе се преточат во граѓански иницијативи, за кои потоа Фокус ќе бара донатори.
Неформалната мрежа за локален развој ја прави својата координација во рамките на програмата Цивика мобилитас.

Фондацијата за локална демократија – Фокус е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас.