Praktikuvaj mir 1Заврши петдневниот семинар „Практикувај мир“, што го организираа партнерските организации ЦИВИЛ – Центар за слобода и берлинската НВО „Kreisau-Initiative“, чии тренери за мир ја водеа обуката на учесниците. Тренингот претставуваше продолжение, втор модул на обуката, чиј прв дел траеше десет дена и се одржа во полскиот град Кшижова во септември минатата година.

Praktikuvaj mir 1

Учесниците на семинарот беа подложени на сцени кои претставуваат опресивно однесување во најразлични ситуации од секојдневниот живот, од кој и самите учесници пишуваа сценарија кои потоа беа анализирани и практикувани.

Главната цел на семинарот беше успешно остварена со интеграцијата на учесниците во процесот за создавање на мир во конфликтни ситуации. Тие ситуации се секојдневие и позната појава за голем број луѓе во земјите од кои имаше учесници на семинарот, а кои и беа избрани, токму поради односите со соседите.

Како единствените претставници од Македонија, на тренингот учествуваа тројца претставници на ЦИВИЛ, Катерина Петановска, Ермин Климента и Емрах Реџепи, а останатите учесници на обуката беа од Србија, Косово, Грција, Германија и Полска.

Praktikuvaj mir 2

Проектот „Практикувај мир“ е спроведен во партнерство меѓу ЦИВИЛ – Центар за слобода и KREISAU-INITIATIVE Полска и неколку други организации од Германија, Србија, Косово и Грција кои се залагаат за конструктивно, критичко и демократско граѓанско општество.

Проектот е спроведен во рамките на програмските заложби на ЦИВИЛ за јакнење на заеднички вредности, подддржана од Програмата „Цивика мобилитас“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементирана од Македонискиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Во рамките на проектот се одржаа два семинара, едниот семинар во Кшижова, Полска, а другиот семинар во Скопје, Македонија.

Успешен тренинг за „практикување мир“ и акумулирање на нови знаења поминаа дваесет и еден учесник на семинарот, кои на крајот се стекнаа со сертификатот Youthpass од програмата Erasmus+