ЦИВИЛ – Центар за слобода и ЦИВИЛ Арт Дивизија Ве покануваат на тркалезна маса и мултимедијален настан „Уметниците за човекови права“ на 29 март (вторник) во ГЕМ Клуб и Менада, со почеток во 18 часот.

ПРОГРАМА (во процес)

18:00 Тркалезна маса: „Уметниците за човекови права“
Регистрација на учесниците
Презентација на заедничка изјава „Уметниците за човекови права“
Дискусија за општествената улога и одговорност на уметниците (времето за дискусија е ограничено на три минути)
Потпишување на заедничката изјава
Заклучоци (до две минути)
Тркалезната маса ќе се одржи во просториите на ГЕМ Клуб, над „Менада“
20:30 Изложба на уметнички дела
Автор(к)и: Јана Куновска, Мирослав Стојановиќ – Шуки, Касиопеја Наумоска, Дороти Пачкова, Валентин Димановски, Верица Димеска
Изложбата ќе биде отворена само четири часа и ќе се одржи во подземниот простор на „Менада“
21:00 Поетско читање, видео проекции, изјави и интервјуа со учесниците
Поетското читање, видео проекциите и музичката програма ќе се одржат во приземниот простор на „Менада“
22:00 Музичка програма со Владимир Милчин
Програмата трае до полноќ.

ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА: Уметниците за човекови права (извадок)

Уметниците имаат моќ да го менуваат светот со своите дела и со своите настапи во јавноста. Со самиот чин на творештво, уметниците најизворно ја манифестираат заложбата за слобода на изразувањето, едно од фундаменталните човекови права.

Како никогаш порано, уметниците денес се исправени пред обврската да го кренат својот глас против неправдите и деструкцијата.

Уметниците можат да му подарат на човекот свест и знаење за човековите права и слободи. Тие се израз на способноста на општеството која води кон негово ослободување и отворање кон цивилизациските вредности и високите идеали за човечност, правда и еднаквост меѓу луѓето. Со своите пораки и јавни настапи, уметниците имаат моќ да му дадат нов, повисок квалитет на животот на едно општество.


ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Во текот на програмата, екипата на ЦИВИЛ Медиа ќе прави кратки видео-разговори со учесниците и ќе прави фото-петиција за #СлободниИзбори.

Поканата за учество на тркалезната маса, поетското читање и другите содржини на мултимедијалниот настан „Уметниците за човекови права“ е отворена за сите уметници, културни и медиумски работници, љубители на уметноста и активисти за човекови права.

Хаштаг на настанот е #a4hr (Artists for Human Rights).

Настанот е во рамките на Годишната програма на ЦИВИЛ – Центар за слобода, поддржана од програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.


КОНТАКТИ

Биљана Еверет, ЦИВИЛ
075389698
02/5209176
civil@civil.org.mk

Вашите сугестии и коментари се добредојдени.