Трета средба со новинари во општина Битола во рамките на проектот Делуваме. Локално.Заедно.
Објавено: 28/07/2017
Промовирање на целите на проектот и резултатите од проектните активности
На 26.07.2017 година во хотел Театар, Битола се одржа трета средба со новинари во рамките на проектот Делуваме.Локално.Заедно. на која присуствуваа локални медиуми и претставници од граѓански здруженија.
Проектниот менаџер во изјавата за медиумите го претстави проектот, целите и активностите кои се имплементираат во соработка со претставници од локални граѓански здруженија, претставници на локалната власт како и претставници од подрачните единици на органи на државна управа.
Како резултат од спроведените активности во рамките на проектот се изготвени Стратегија со акционен план и Програма за работа со три приоритетни области од делот на образование, вработување и култура со цел за подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво.
Повеќе информации за средбата можете да најдете на следниот линк:
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.
Трета средба со новинари во општина Битола во рамките на проектот Делуваме. Локално.Заедно. was first posted on July 28, 2017 at 11:47 am.
©2016 “Национален Ромски Центар“. Use of this feed is for personal non-commercial use only. If you are not reading this article in your feed reader, then the site is guilty of copyright infringement. Please contact me at dalibor.sojic@gmail.com