Отпочна процесот на стратешко планирање на Коалицијата… Првата средба со конструктивни предлози и идеи, но и проблеми и решенија кои што се јавуваат во секторот земјоделство и рурален развој се одржа во Куманово, а партнерите, како и надворешните соработници на организацијата ги дадоа своите видувања за организацијата и во која насока треба истата да продолжи да се развива во наредниот четиригодишен период.

Кои се клучните успеси кои што Рурална Коалиција ги има постигнато во изминатите 2 години? На кои главни приоритети и теми треба да работи во наредниот четиригодишен период? Кои се главните предизвици со кои што се соочува секторот земјоделство и рурален развој, но и до каде сме со процесот на унапредување на родовата еднаквост и нејзиното вклучување во националните и локални аграрни политики? Каде е жената од руралната средина во процесите на одлучување, но и во делот на едукација и еманципација? До каде сме со економското јакнење, но и социјалната инклузија на жените од руралните средини? Ова се само дел од прашањата на кои што се обидовме сите заедно да дадеме одговор на втората работилница за стратешко планирање на Коалицијата која што се одржа во село Тумчевиште, Гостивар со почитување на сите здравствени протоколи.

На третата работилница во Прилеп повеќе внимание се посвети на комуникацијата со институциите, ИПАРД програмата, предизвиците со добивањето на електронски услуги, како и начини и алатките за подобрување на внатрешната комуникација.

Работилниците се организираа во рамките на проектот “Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалициjа“ коj што е ре-грантиран во рамките на програмата “Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации” коjа што jа спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, со Balkan Civil Society Development Network и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во периодот од 2018 до 2021 година, а финансирана од Европската Унија.