Младинскиот образовен форум (МОФ) ги поканува сите заинтересирани на петтото издание на „Станица: Студентска 5.0“, настан посветен на промоција на работата на студентските и младинските организации во Македонија. Тој ќе се одржи на 25 април, од 12 до 18 часот, во Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“.

Настанот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе, студенти и останати посетители кои сакаат да се информираат и зачленат во организации отворени за нив, да посетат предавања, да учествуваат во работилници и да разменат искуства.

Во склоп на настанот ќе има саем со штандови на 20 студентски организации, а покрај тоа ќе се одржат различни предавања и работилници водени од страна на „Психеско“- Здружение на студенти по психологија, Друштво на студенти физичари, БЕСТ, Х.Е.Р.А., НМСМ, LEAD и ЕЕСТЕК.

Младински образовен форум- Скопје е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас. За повеќе информации околу ова, можете да го погледнете нивниот профил