Реализацијата на овој проект започна откако многу меѓународни филмски настани беа одложени а филмската индустрија запре целосно поради пандемијата со коронавирусот. Оваа 10-дневна дигитална манифестација ќе и помогне на Светската здравствена организација (СЗО) да собере средства кои ќе помогнат во борбата против Ковид-19.

Дваесет фестивали од целиот свет ќе прикажат филмови, вклучувајќи ги фестивалите од Лондон, Ерусалим, Санденс и Трибека, како и Мумбаи и Маракеш. Трибека фестивалот кој се одржува во Њујорк, меѓу кои основачи се  Роберт Де Ниро и Џејн Розентал, ги здружи силите со поголемите компании за стриминг за да го емитуваат настанот на интернет.

Тие се надеваат дека ќе „обединат кустоси, уметници и раскажувачи за да ја олеснат оваа состојба и да ја забавуваат публиката низ целиот свет“.

„Честопати зборуваме за тоа како филмовите имаат единствена моќ да инспирираат, обединат и бришат границите за да се опорави светот“, рече Розентал.

„Тоа му треба нацелиот свет сега – закрепнување“.

Бесплатно ќе биде гледање играни филмови, кратки филмови, документарци, комедии,  слушање музика и разговор после проекциите. Целосниот распоред ќе биде достапен неколку дена пред почетокот.

Според „Deadline“, многу филмови кои беа планирани да се прикажат на годинашните фестивали, не се очекува да бидат прикажани поради финансиски и правни причини.

Минатиот месец, Канскиот фестивал беше одложен поради полицискиот час воведен од страв од коронавирусот. Претседателот на фестивалот Пјер Лескир и директорот на фестивалот Тери Фремо изјавија дека се „горди“ што ќе учествуваат во оваа он-лајн манифестација.

„Ние сме горди што заедно со партнерите на фестивалот ќе претставиме одлични филмови и таленти  и ќе и овозможиме на публиката да доживее приказни од целиот свет и да запознае уметниците од секој фестивал“.

Ревидираната верзија на годишните фестивали во Торонто, Венеција и Лондон се уште има време да се оствари, бидејќи се на есен, додека отворањето на фестивалот во Берлин ќе биде во февруари.

Извор: deadline.com преземено од Медиа Плус