Речиси 60% од испитаничките не се запознаени со објавената мерка за „поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ со можност за инвестиција од 180.000 денари. Ова е еден од заклучоците од истражувањето кое го спроведоа Рурална Коалиција и партнерската организација Моја Фарма.

Бројот на регистрирани жени земјоделки во последните две години бележи нагорен тренд. Така, според податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од околу 170.000 семејни земјоделски стопанства, регистрирани се 37.186 жени – носителки на семејни земјоделски стопанства.

Сепак, само 38% од жените во руралните средини се сметаат за економски активни, додека 47% од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фирми.

Инфографиците се изработени во рамките на поддршката на проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки” спроведуван од Руралната развојна мрежа, а финансиран од We Effect и Шведската меѓународна развојна агенција СИДА.

Рурална коалиција е корисник на институционалeн грант од програмата Цивика мобилитас.