Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија организира работилница на тема: „Искуства и препораки за правилна примена на законот во постапките за јавни набавки од аспект на надлежните органи“. Со оваа работилница ја продолжуваме долгогодишната практика за размена на знаењата, вештините и практичните искуства и разрешување на дилемите во примена на одредбите на Законот за јавни набавки. Работилницата ќе се одржи на 20 април 2017 година (четврток), во хотел „Континентал„ – Скопје.