Женската граѓанска иницијатива Антико во периодот од 8 мај до 20 јули 2017 година организира  професионална пракса за 30 млади жени од Скопје, Куманово, Штип, Битола и Тетово.

Целта на индивидуалната професионална пракса е зголемување на знаењата и капацитетите на жените кои благодарение на тоа ќе станат поконкурентни на пазарот на трудот. Стекнувањето практично искуство во работна средина, ќе им овозможи да си ги зголемат работните навики, искуството, знаењето и вештините во области каде што самите се определиле да работат.

Охрабрува фактот што сите учеснички и нивните работодавачи се задоволни од оваа соработка. Најавуваат и можност да ја продолжат преку вработување или понатамошно ангажирање.

Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Вклучување на жени од етничките заедници на пазарот на трудот“ поддржан од Европската Унија, а имплементиран од ЖГИ Антико и CARE Германија/Луксембург е.В.

ЖГИ Антико е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе околу ова, можете да го погледнете нивниот профил.