На 31 март 2017 година во просториите на Општина Сарај се потпиша Меморандум за соработка меѓу Фондацијата за развој на културата и образованието Албиз и Општина Сарај.

Соработката која ќе се реализира во рамките на овој меморандум меѓу овие две институции предвидува отворање на мултифунксионален комплекс, кој ќе послужи како културен, научен, едукативно – образовен и социо-хуманитарен центар.

Исто така Фондацијата Албиз на 3 април 2017 година потпиша и договор за соработка со Општина Сарај за започнување на нов проект, со кој ќе се предвидува реновирање на основни училишта во оваа општина. Овој проект ќе биде подржан од страна на донаторите на Фондацијата Албиз.

03 04 2017 Albiz vesti

Претседателот на Советот на донатори г. Неџат Шахини во текот на конференцијата за печат истакна дека „Фондацијата Албиз нема да престане во нејзината мисија, кладе меѓу другото е создавање подобри услови за нашите ученици и дека инвестирањето во иднината е неопходна инвестиција во иднината. Започнатата мисија Фондацијата Албиз преку едукативно – образовната платформа ќе се обиде да ја спроведе најдобро што може секаде каде има потреба за наша помош, се разбира со максимална поддршка на донаторите на Фондацијата.

И градоначалникот на Општина Сарај, г. Беким Мурати, меѓу другото рече дека ќе даде поддршка на иницијативите на Фондацијата каде е потребно и во рамки на можностите на општината.

АЛБИЗ е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас.