ccc logoЦентарот за климатски промени ве поканува на дводневна обука наменета за граѓанските организации (ГО) на тема:„Подигнување на јавната свест на граѓанските организации за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување на одлуки од областа на животната средина“ што ќе се одржи на 29 и 30 ноември 2016 година, со почеток во 11 часот во хотел Гарденија во Велес.

Главната цел на обуката е:

  • Запознавање на ГО со одредбите од националното законодавство за процесот на вклучување на јавноста во донесување одлуки;
  • Презентирање на улогата на ГО во процесот на донесување одлуки
  • Презентирање на алатки и начини за подигнување на јавната свест за учество во донесување на одлуки;
  • Презентирање на активности на ГО и позитивни искуства за подигнување јавна свест во Македонија;
  • Подготовка за застапување и начини на вклучување на јавноста.

Овде можете да го погледнете и дневниот ред за обуката и да го пополните формуларот за регистрација.

Заради ограничениот број на учесници, принципот на селекција на учесниците ќе се врши врз основа на правилото „прв пријавен прв услужен“. Само оние пријавени кои ќе добијат потврда за учество ќе бидат вклучени во обуката.

Организаторот го покрива сместувањето и патните трошоци во висина на повратен автобуски билет за сите учесници кои не се од Велес.

Крајниот рок за пријавување на обуката е 24 ноември 2016 до 16 часот.

Пријавата испратете ја на следната Е-маил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com

Обуката е дел од проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“, поддржан од Цивика мобилитас.