Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) организира отворена седница на Комисијата за жалби, која ќе се одржи на 25.10.2019 (петок), со почеток од 11:00 до 13:00 часот, во просториите на ААВМУ.

На отворената седница јавно ќе се разгледуваат жалбите што стигнале до СЕММ, а ќе се дискутира и за начинот на поднесување жалби, работењето на Комисијата за жалби и најчестите предизвици со кои се соочува ова тело.

Овој настан е дел од Деновите на медиумска писменост.

Годишниот план на Советот за етика во медиумите на Македонија е поддржан од Цивика мобилитас.